Турските кошаркарки во вториот меч во групата „Б“ на Светскиот куп ФИБА 2018 изгубија од Нигерија

Турските кошаркарки во вториот одигран меч во групата „Б“ на Светскиот куп ФИБА 2018 изгубија од Нигерија со резултат од 74:68

1055666
Турските кошаркарки во вториот меч во групата „Б“ на Светскиот куп ФИБА 2018 изгубија од Нигерија

Турската женска кошаркарска репрзентација во вториот натпревар во групата „Б“ на Светскиот куп ФИБА 2018 што продолжува во Шпанија изгуби од Нигерија со резултат од 74:68.

Со овој неочекуван пораз турските кошаркарки „Самовилите на кошот“ го доживеаја првиот пораз во групата, додека Нигерија ја извојува својата прва победа.

Во групата „Б“ заедно со Турција се наоѓаат Австралија, Аргентина и Нигерија.

На Светскиот куп во кошаркa за жени ФИБА 2018 учествуваат вкупно 16 репрезентации кои се натпреваруваат во 4 квалификациони групи. Репрезентациите кои ќе ги освојат првите места во своите групи директно ќе се пласираат во четвртфиналето, а оние кои ќе го освојат второто и третото место во групите ќе играат елиминациони мечеви за пласирање во чевртфиналето.

Групните натпревари ќе завршат на 25 септември во вторник, додека мечевите за второто коло за пласирање во четвртфиналето ќе се одиграт на 26 септември во среда.

Четвртфиналето на Светскиот куп во кошарка за жени ФИБА 2018 ќе се одигра на 28 септември, полуфиналето на 29 септември, а финалето на 30 септември.

 



Слични вести