Џошуа го победи Поветкин со технички нокаут и ја одбрани титулата во тешка категорија

Британскиот боксер Ентони Џошуа на мечот на стадионот Вебли во британскиот главен град Лондон кој го гледаа во живо приближно 80 илјади лица го победи својот противник рускиот боксер Александер Поветкин и ја одбрани титулата во тешка категорија

1055127
Џошуа го победи Поветкин со технички нокаут и ја одбрани титулата во тешка категорија

Британскиот боксер Ентони Џошуа го победи својот руски противник Александер Поветкин и ги одбрани трите појаси во тешка категорија кои ги држи и тоа Светската боксерска асоцијација (WBA), Светската боксерска организација (WBO) и Меѓународната боксерска федерација (IBF).

На мечот за титула во тешка категорија на стадионот Вебли во британскиот главен град Лондон кој го гледаа во живо приближно 80 илјади лица 28-годишниот Џошуа победи и на 21-от одигран меч во својата кариера од кои на 20 меча победи со нокаут.

Неговиот противник 39-годишниот руски боксер Поветкин пак од досега одиграните 35 меча изгуби само еден.

Ентони Џошуа својот противник Поветкин го победи во 7-мата рунда со технички нокаут и ги доб сите досега одиграни 22 меча со што ги одбрани своите појаси во WBA, WBO и IBF. Поветкин пак за прв пат во својата кариера изгуби со нокаут.

Инаку, три од четирите појаси на големите професионални боксерски организации држи Ентони Џошуа, а еден појас (Светскиот боксерски совет WBC) држи американскиот боксер Деонтај Вилдер.

 



Слични вести