Турција на Светскиот куп во кошарка за жени ФИБА 2018 ја порази Аргентина со убедливи 63:37

Турските кошаркарки во групата „Д“ на Светскиот куп во кошарка за жени ФИБА 2018 ги поразија своите противнички Аргетинки со убедлив резултат од 63-37 и турнирот го започнаа со победа со што се стекнаа и со голем морал

1054787
Турција на Светскиот куп во кошарка за жени ФИБА 2018 ја порази Аргентина со убедливи 63:37

Турската женска кошаркарска репрезентација која се натпреварува на Светскиот куп во кошарка за жени ФИБА 2018 чиј домаќин е Шпанија, на првиот одигран натпревар во својата квалификациона група „Б“ ја победи Аргентина со голема разлика.

Турските кошаркарки ги поразија своите противнички Аргетинки со убедлив резултат од 63-37 и турнирот го започнаа со победа со што се стекнаа и со голем морал.

Во групата „Б“ заедно со Турција се наоѓаат Австралија, Аргентина и Нигерија.

На Светскиот куп во кошаркa за жени ФИБА 2018 учествуваат вкупно 16 репрезентации кои се натпреваруваат во 4 квалификациони групи. Репрезентациите кои ќе ги освојат првите места во своите групи директно ќе се пласираат во четвртфиналето, а оние кои ќе го освојат второто и третото место во групите ќе играат елиминациони мечеви за пласирање во чевртфиналето.

Групните натпревари ќе завршат на 25 септември во вторник, додека мечевите за второто коло за пласирање во четвртфиналето ќе се одиграт на 26 септември во среда.

Четвртфиналето на Светскиот куп во кошарка за жени ФИБА 2018 ќе се одигра на 28 септември, полуфиналето на 29 септември, а финалето на 30 септември.

 



Слични вести