Турскиот мечувалец Енвер Јилдирим освои златен медал на Меѓународниот турнир во Бугарија

Турскиот репрезентатвец мечувалец Енвер Јилдирим во финалето го победи Французинот Франческо Д’армиенто со 15:7 и го освои златниот медал на Меѓународниот FIE Satellite турнир во Бугарија

1054785
Турскиот мечувалец Енвер Јилдирим освои златен медал на Меѓународниот турнир во Бугарија

Турскиот спортист репрезентативец во мечување Енвер Јилдирим на Меѓународниот FIE Satellite турнир кој се одржува во Бугарија освои златен медал во категоријата со меч за мажи.

Според објавеното сопштение од Федерацијата за мечување турскиот репрезнтативец Енвер Јилдирим в четвртфиналето го победи Израелецот Костиантин Воронов со 15:5, а во полуфиналето извојува победа и врз Бугаринот Љубослав Бурнев со резултат од 15:6.

Во финалето турскиот репрезентатвец мечувалец Енвер Јилдирим го победи и Французинот Франческо Д’армиенто со резултат од 15:7 и го освои златниот медал. 

Од другите турски репрезентативци мечувалци Умут Каја го освои 6-тото место, Озкан Зорлу Јилдирим 9-тото, Мухаммед Анасиз 10-тото, Ибрахим Ахмед Ант 12-сетото, Мехмет Онај 21-вото и Бахадир Синан 30-сетото место.



Слични вести