Неочекуван пораз за Фенербахче во Загреб на првиот натпревар во групата „Д“ од Лига Европа

Фенербахче на синоќешниот одигран прв натпревар во својата група „Д“ од Лига Европа изгуби од хрватски Динамо Загреб со резултат од 4:1

1053784
Неочекуван пораз за Фенербахче во Загреб на првиот натпревар во групата „Д“ од Лига Европа

Турскиот фудбалски претставник Фенербахче на првиот натпревар што го одигра синоќа во гости во групата „Д„ од Лига Европа на УЕФА изгуби од хрватски Динамо Загреб со резултат од 4:1.

Натпреварот се одигра на стадионот Максимир во хрватскиот главен град Загреб.

Головите за домаќинската екипа Динамо Загреб ги постигнаа Суњиќ во 16-сетата, Хајровиќ во 28-мата и 56-тата и Олмо во 60-сетата минута од натпреварот.

Единствениот гол за Фенербахче пак пристигна од Неустадтер во 47-мата минута од натпреварот.

Во вториот одигран меч синоќа во истата група словачкиот претставник Спартак Трнава го порази белгискиот претставник Андерлехт со резултат од 1:0.



Слични вести