Турскиот борач Керем Камал освои златен медал на СП во борење за јуниори во Словачка

Турскиот борач репрезентативец Керем Камал во финалето на Светското првенство во борење за јуниори во Трнава-Словачка го победи својот индиски противник Вижај Вижај со технички туш (10:0) и го освои златниот медал

1053296
Турскиот борач Керем Камал освои златен медал на СП во борење за јуниори во Словачка

Турскиот борач репрезентативец Керем Камал освои златен медал на Светското првенство во борење за јуниори што се одржува во Словачка.

На првенството кое што продолжува во градот Трнава во Словачка турскиот борач во категоријата до 60 килограми во грчко-римски стил во финалето се бореше против индискиот борач Вижај Вижај.

Турскиот борач репрезентативец мечот го доби со 10:0, т.ј. технички туш и го освои златниот медал.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган испрати телеграма со честитка до турскиот борач репрезентативец Керем Камал кој го освои првото место на Светското првенство во борење за јуниори и се закити со златен медал.



Слични вести