Кевин Мајер нов рекордер во декатлон

Францускиот декатлет на манифестацијата во градот Таленс со 9 126 стана нов светски рекордер во декатлон

1050913
Кевин Мајер нов рекордер во декатлон

Манифестацијата „Deca 2018“ во Франција заврши со извонредно финале.

По дводневните натпревари што се одржаа во 10 категории, беше соборен светскиот рекорд.

Претходниот рекорд кој припаѓаше на американскиот декатлет Ештон Итон кој имаше 9 045 поени премина во рацете на Кевин Мајер.

Францускиот декатлет на манифестацијата во градот Таленс со 9 126 стана нов светски рекордер во декатлон.

Во изјавата за печатот Мајер рече дека со години го очекувал овој момент. Не можев да плачам бидејќи на последниот натпревар од 1500 метри ги истрошив солзите.



Слични вести