Турските кошаркари во инвалидски колички станаа европски шампиони

Турција во финалето на Европското првенство во кошарка за мажи во инвалидски колички за кошаркари под 22 години ја порази Германија со 67:64 и два пати по ред стана европски шампион

1050348
Турските кошаркари во инвалидски колички станаа европски шампиони

Турција на Европското првенство во кошарка за мажи во инвалидски колички за кошаркари под 22 години во финалето ја победи Германија со резултат од 67:64 и стана европски шампион.

На првенството кое се одржа во италијанскиот град Удине турските кошаркари во инвалидски колички се натпреваруваа како последни шампиони и во финалето играа против Германија.

Првата четвртина ја доби Турција со резултат од 22:21, додека во втората четвртина ја зголеми разликата уште повеќе и оваа четвртина заврши со 40:31. 

Турските кошаркари на крајот и на третата четвртина водеа со 53:49, а во послдната четврта четвртина ја држеа контролата во свои раце и ја поразија Германија со 67:64. 

На тој начин Турција два пати по ред стана европски шампион.

Во меѓувреме, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган му честита на претседателот на Спортската федерација на Турција за хендикепирани Ариф Умит Узтурк.

Според објавеното соопштение од прес-центарот на кабинетот на претседатело, претседателот Ердоган испратил телеграма со честитка до претсеателот на Спортската федерација на Турција за хендикепирани Ариф Умит Узтурк и му честитал за освоената шампионска титула на Европското првенство во кошарка за мажи во инвалидски колички за кошаркари под 22 години,

 

 



Слични вести