Турската стрелачка со воздушна пушка Шеввал Илајда Тархан освои злато на СП во стрелаштво во Чангвон

Турската репрезентативка стрелачка Шеввал Илајда Тархан на Светското првенство во стрелаштво кое се одржува во Чангвон-Јужна Кореја во категоријата јуниорки со воздушна пушка на 10 метри освои златен медал

1043490
Турската стрелачка со воздушна пушка Шеввал Илајда Тархан освои злато на СП во стрелаштво во Чангвон

Турската репрезентативка стрелачка Шеввал Илајда Тархан на Светското првенство во стрелаштво кое се одржува во Јужна Кореја освои златен медал во категоријата за јуниорки.

На Светското првенство во стрелаштво кое продолжува во јужнокорејскиот град Чангвон турската репрезентативка стрелачка Шеввал Илајда Тархан, спортистка на Анкара ТОХМ (Центар за подготвување за олимпијади на Турција), која се натпреваруваше во категоријата јуниорки со воздушна пушка на 10 метри на натпреварот за рангирање на кој што учествуваа 68 спортисти освои 570 поени и се пласира во финалната етапа.

Шеввал Илајда Тархан во финалната етапа освои 237,9 поени со што освен тоа што го собори рекордот на Турција го освои и првото место и се закити со златен медал на Светското првенство во стрелаштво.

 

 



Слични вести