Турските одбојкарки го освоија првото место на турнирот за „Глорија Купот“ на ФИВБ 2018

Турските одбојкарки ги победија своите италијански противнички и го освоија првото место на турнирот за „Глорија Купот“ што се одржа во рамките на подготовките за Светското првенство на Светската одбојкарска федерација ФИВБ 2018

1037937
Турските одбојкарки го освоија првото место на турнирот за „Глорија Купот“ на ФИВБ 2018
a milli kadin voleybol takimi1.jpg

Турската женска одбојкарска репрезентација на третиот и последен одигран натпревар на турнирот за „Глорија Купот“ што се одржа во рамките на подготовките за Светското првенство на Светската одбојкарска федерација ФИВБ 2018 ја победи Италија со резултта од 3:1 во сетови и стана шампион на турнирот.

Италијанските одбојкарки мечот го започнаа добро со што на првата техничка пауза заминаа со предност од 8:6, а на втората техничка пауза заминаа со предност од 16:14.

Италија првиот сет го доби со резултта од 25:23.

Вториот сет турските одбојкарки го започнаа со одлична игра и на првата техничка пауза заминаа со предност од 8:6, а на втората техничка пауза заминаа со предност од 16:13.

Турција го зголеми притисокот врз противникот и овој сет го доби со резултат од 25:22.

Страната која што доминираше во третиот сет беше турската одбојкарска репрезентација која сетот го доби со 25:18. 

Турските одбојкарки добрата игра ја продолжија и во четвртиот сет во кој победија со резултат од 25:21 и натпреварот го добија со 3:1 во сетови.

На тој начин турската женска одбојкарска репрезентација победи и на третиот одигран натпревар на турнирот и го освои првото место.

Второто место го освои Русија, третото Азербејџан, а четврта беше Италија.

Наградата „Највредна одбојкарка на турнирот“ пак ја доби турската одбојкарка Еда Ердем Дундар.



Слични вести