Турскиот судија Џунејт Чакир ќе суди на реванш мечот Салцбург-Црвена Ѕвезда

На реванш натпреварот помеѓу австриски Салцбург и српскиот претставник Црвена Ѕвезда во плеј-оф натпреварите за Лигата на шампионите на УЕФА што ќе се одигра на 29 август во среда правдата ќе ја дели турскиот судија Џунејт Чакир

1038405
Турскиот судија Џунејт Чакир ќе суди на реванш мечот Салцбург-Црвена Ѕвезда

Турскиот судија Џунејт Чакир ќе ја дели правдата на реванш натпреварот во плеј-оф колото за Лигата на шампионите на УЕФА што ќе се одигра на 29 август во среда помеѓу австриски Салцбург и српскиот претставник Црвена Ѕвезда.

Според објавеното соопштение од Фудбалската федерација на Турција, на натпреварот што ќе се одигра во австрискиот град Салцбург на стадинот Ред Бул Арена и ќе започне во 22:00 часот спроед турско време ќе суди Џунејт Чакир, а негови помошници ќе бидат Бахаттин Дуран и Тарик Онгун.

На натпреварот четврти судија ќе биде Џејхун Сесиѓузел, додека Халис Озќахја и Бариш Шимшек ќе бидат дополнителни помошни судии.



Слични вести