Бешикташ се пласира во плеј-оф натпреварите на УЕФА Европа Лигата

Бешикташ по синоќешниот одигран реванш натпревар со австриски ЛАСК Линз се пласира во плеј-оф натпреварите на УЕФА Европа Лигата

1034156
Бешикташ се пласира во плеј-оф натпреварите на УЕФА Европа Лигата

Турскиот фудбалски претставник Бешикташ на вчерашниот реванш натпревар од третото квалификациско коло на УЕФА Европа Лигата беше поразен од австриски ЛАСК Линз со резултат од 2:1, но и покрај овој пораз со предноста што ја обезбеди од првиот одигран натпревар од 1:0, се пласира во плеј-оф натпреварите.

Реваншот се одигра во Австрија на стадинот на ЛАСК Линз.

Головите за домаќинот ги постигнаа Виктор во 42-рата и Доминик Фриесер во 69-тата минута од натпреварот, додека единствениот но вреден гол на Бешикташ пристигна од Негредо дури во 90+2-рата минута од натпреварот.

Од друга страна, српскиот претставник Партизан од Белград кој во првиот натпревар од третото квалификациско коло на УЕФА Европа Лигата ја порази данската екипа Нордсјаеланд со резултат од 2:1, синоќа на реванш натпреварот повторно го победи својот дански противник со 3:2.

На тој начин противник на Бешикташ во плеј-оф натпреварите му е Партизан од Белград.

Плеј-оф натпреварите помеѓу Бешиокташ и Партизан ќе се одиграат на 23 и 30 август.

Екипата која ќе биде подобра ќе се пласира во групните натпревари на УЕФА Европа Лигата.



Слични вести