Турската пливачка Сумејје Бојаџи на Европското паралимписко првенство 2018 во Даблин освои злато

Сумејје Бојаџи во категоријата грбно пливање на 50 метри за жени со резултат од 45,21 секунда го освои златниот медал на Европското паралимписко првенство 2018 во главниот град на Ирска Даблин

1032794
Турската пливачка Сумејје Бојаџи на Европското паралимписко првенство 2018 во Даблин освои злато

Турската пливачка-репрезентативка Сумејје Бојаџи на Европското паралимписко првенство 2018 кое се одржува во главниот град на Ирска Даблин го освои првото место и се закити со златен медал.

Сумејје Бојаџи во категоријата грбно пливање на 50 метри за жени со резултат од 45,21 секунда го освои златото.

Во истата категорија Тереса Пералес од Шпанија се резултта од 45,68 секунди го освои среброто, а Моника Богиони од Италија со резултат од 46,54 го освои бронзениот медал.

Во меѓувреме, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и честита на репрезентативката-спортистка Сумејје Бојаџи за освоениот златен медал на Европското паралимписко првенство 2018 во главниот град на Ирска Даблин.

Според добиени информации од извори од кабинетот на претседателот, Ердоган испрати телеграма со честитка до Сумејје Бојаџи.



Слични вести