Супер Купот на Фудбалската федерација на Турција го освои Акхисарспор

Акхисарспор синоќа во финалето на Супер купот на Фудбалската федерација на Турција го победи Галатасарај и го освои пехарот

1026777
Супер Купот на Фудбалската федерација на Турција го освои Акхисарспор

Турскиот фудбалски прволигаш во Супер Лигата Акхисарспор по освојување на Купот на Турција Зираат го освои и Супер купот на Фудбалската федерација на Турција со што новата фудбалска сезона ја започна со уште еден извонреден успех.

Акхисарспор кој во финалето на Купот на Турција Зираат го победи Фенерабахче синоќа во финалето на Супер купот на Фудбалската федерација на Турција го победи и Галатасарај.

Со овие постигнати два значајни успеси Акхисарспор кој се подготвува да ја започне својата седма сезона вио првата фудбалска Супер Лига на Турција и покрај својата скромна екипа привлекува внимание со постигнати значајни успеси.

Зелено-црната екипа која успеа да се одржи во првата лига во оваа фудбалска сезона освои два пехари.

Акхисарспор синоќа во финалето на Супер купот на Фудбалската федерација на Турција на стадионот Торку Арена во градот Конја играше против Галатасарај.

Регуларните 90 минути од натпреварот завршија со нерешен резултат од 1:1, по што се одеше на продолжетоци и откако не беше постигнат гол и во продолжетоците, беа изведени пенали.

Акхисарспор уште во петата минута од натпреварот со голот на Јевген Селезњов премина во водство од 1:0, а голот за Галатасарај го постигна Ерен Дердијок во 79-тата минута од натпреварот.

Во продолжетоците ниту една екипа не успеа да постигне гол, по што се одеше на пенали и Акхисарспор со резултат од 5:4 го порази Галатасарај и го освои Супер купот на Фудбалската федерација на Турција.

На натпреварот за прв пат и официјално на еден фудбалски натпревар во Турција беше користена ВАР технологијата. 

 

 

 



Слични вести