Шкендија игра против Салцбург, а Фенербахче против Бенфика

Според извлечените ждрепки во швајцарскиот град Нион, македонскиот претставник Шкендија во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите игра против австриски Салцбург, а турскиот претставник Фенербахче против португалски Бенфика

1026839
Шкендија игра против Салцбург, а Фенербахче против Бенфика

Извлечени ждрепките за плеј-оф натпреварите во Лигата на шампионите на УЕФА, како најзначајна организација на европскиот фудбал на база на клубови.

Извлекувањето на ждрепките се одржа во швајцарскиот град Нион и притоа беа извлечени двојките меѓу екипите кои се натпреваруваат во третото квалификациско коло и екипите кои учествуваат од плеј-оф натпреварите.

Така турскиот претставник Фенербахче кој во третото квалификациско коли ќе игра против португалски Бенфика доколку го помине ова коло во рамките на плеј-оф натпреварите ќе игра со победникот од натпреварот помеѓу грчки ПАОК и руски Спартак Москва.

Првите мечеви од плеј-оф натпреварите ќе се одиграат на 21 и 22 август, а реванш мечевите на 28 и 29 август.

Според извлечените ждрепки во две одделни категории насловени како Рута на Шампионите и Рута на Лигата се добиени следните двојки:

Рута на Шампионите:

Црвена Ѕвезда (Србија) - Спартак Трнава (Словачка)

Салцбург (Австрија) - Шкендија (Македонија)

Нагорно Карабах (Азербејџан) - БАТЕ (Белорусија)

ПСВ Ајнтховен (Холандија) - Јунг Бојс (Швајцарија)

Астана (Казахстан) - Динамо Загреб (Хрватска) 

Малме (Шведска) - Види (Унгарија)

Селтик (Шкотска) - АЕК (Грција)

Рута на Лигата:

Бенфика (Португалија) - Фенербахче (Турција)

ПАОК (Грција) - Спартак Москва (Русија)

Стандард Лиеж (Белгија) - Ајакс (Холандија)

Славија Прага (Чекија) - Динамо Киев (Украина)



Слични вести