Мете Газоз собори европски рекорд на стрелањето за рангирање на европското Гран при

На крајот на стрелањето на 70 метри, Мете собра 686 поени и успеа да го собори рекордот на Европа

1024172
Мете Газоз собори европски рекорд на стрелањето за рангирање на европското Гран при

Турскиот стрелец во стрелање со лак и стрела Мете Газоз собори рекорд на стрелањето за рангирање на европското Гран при.

Според соопштението кое беше објавено од страна на Турската Стрелачка Федерација, во рамките на првенството што се одржува во бугарскиот главен град Софија, во категоријата класичен лак – мажи Мете Газоз на стрелаштвото за рангирање го освои првото место.

На крајот на стрелањето на 70 метри, Мете собра 686 поени и успеа да го собори рекордот на Европа.

19 годишниот турски репрезентативец кој со перформансот привлече големо внимание, во 4-та етапа на Светското првенство во стрелање што се одржа во Берлин освои златен медал.



Слични вести