Месут Озил се збогува од играњето за фудбалската репрезентација на Германија

Не можам да ја претставувам Германија на меѓународно ниво додека се соочувам со расизам и непочитување

1017206
Месут Озил се збогува од играњето за фудбалската репрезентација на Германија

Германскиот фудбалер од турско потекло Месут Озил, рече дека се простил од фудбалската репрезентација на Германија.

Озил на социјалните мрежи напиша дека одлучил да ја заврши својата кариера во репрезентацијата, чиј дрес од 2009 година го облече 92 пати и постигна 23 гола.

Со „елфот“ во 2014 година го освои Светското првенство, а во 2010 година репрезентацијата го освои третото место.

„Не можам да ја претставувам Германија на меѓународно ниво додека се соочувам со расизам и непочитување. Додека го носев германскиот дрес чувствував гордост и возбуда, но веќе не ги чувствувам истите нешта. Оваа одлука беше многу тешка, бидејќи целосно им се посветив на соиграчите, тренерите и на германскиот народ“, објасни Озил.

Тој додаде дека непочитувањето кон турските корени и обидите како фудбалер да стане политичка алатка, што го покажаа високи претставници на Фудбалскиот сојуз на Германија, го поттикнало на оваа одлука.

„Поради тоа не можам да играм фудбал. Не можам само мирно да набљудувам. Дискриминацијата е неприфатлива“, порача Озил.



Слични вести