СП 2018: Денес и утре првите четвртфинални натпревари

Светското фудбалско првенство во Русија продолжува со првите четвртфинални натпревари. За денес се закажани две средби.

1006820
СП 2018: Денес и утре првите четвртфинални натпревари

Светското фудбалско првенство во Русија продолжува со првите четвртфинални натпревари. За денес се закажани две средби.

Четвртфиналните натпревари ќе се одиграат на 6 и 7 јули (петок и сабота).

За денес се планирани две средби. Првата средба е меѓу репрезентациите на Уругвај и Франција, а натпреварот ќе се одигра на стадионот „Нижни Новгород“ во Нижни Новгород со почеток во 16:00 часот.

Вториот натпревар од четвртфиналето на СП Русија 2018 меѓу Бразил и Белгија ќе се одигра на стадионот „Казан арена“ во Казањ со почеток во 20:00 часот.

Во четвртфиналните натпревари учествуваат 6 репрезентации од Европа (Франција, Белгија, Русија, Хрватска, Шведска и Англија) и две од Латинска Америка (Бразил и Уругвај).

Распоред на четвртфиналните натпревари:


6 јули, петок:

16:00 Уругвај - Франција (стадион „Нижни Новгород“ - Нижни Новгород)

20:00 Бразил - Белгија (стадион „Казан арена“ - Казањ)

 

7 јули, сабота:

16:00 Шведска - Англија (стадион „Космос“ - Самара)

20:00 Русија - Хрватска (стадион „Фишт“ - Сочи)



Слични вести