Бразил и Белгија во четвртфиналето на СП 2018 ќе играат на 6 јули, петок

Четвртфиналниот натпревар на СП 2018 помеѓу Бразил и Белгија ќе се одигра на 6 јули, петок на стадионот Казан Арена, ќе започне во 21:00 часот според турско време и ќе се емитува во живо на телевизиските екрани на ТРТ 1

1006598
Бразил и Белгија во четвртфиналето на СП 2018 ќе играат на 6 јули, петок
2018-07-02T201313Z_1650216560_RC1938F7D720_RTRMADP_3_SOCCER-WORLDCUP-BEL-JPN.JPG

Бразил и Белгија во четвртфиналето на Светското првенство во фудбал 2018 ќе играат на 6 јули во петокот (утре).

На тој начин овие две земји ќе го одиграат петтиот меѓусебен натпревар во својата историја.

Натпреварот Бразил-Белгија ќе се одигра на Казан Арена и ќе започне во 21:00 часот според турско време.

Овој натпревар на кој што ќе биде позната екипата која ќе се пласира во полуфиналето на првенството ќе се емитува во живо на телевизиските екрани на ТРТ 1.

Кога ќе се погледне кон досега одиграните натпревари помеѓу овие две репрезентации се согледува надвласта на Бразил.

Досега помеѓу Бразил и Белгија се одиграни вкупно 4 средби од кои една официјална и 3 подготвителни.

Бразил извојува победа на 3 од овие одиграни 4 натпревари, а еднаш победи Белгија.

Ниту една од одиграните средби помеѓу двете репрезентации не заврши со нерешен резултат.

Бразил кој победи на последните одиграни 3 натпревари постигна 10 гола, а Белгија одговори со 6 гола.



Слични вести