Франција и Уругвај први четвртфиналисти на СП 2018
На вчерашните одиграни први осминафинални натпревари на СП 2018 Франција ја победи Аргентина со 4:3, а Уругвај извојува победа над Пртугалија со 2:1 и овие две репрезентации станаа првите четврфиналисти на првенството

Вчера првиот натпревар во осминафиналето на Светското првенство во фудбал 2018 чиј домаќин е Русија се одигра помеѓу Франција и Аргентина.
На оваа средба на која имаше дуел од голови од кој што на крајот како победник излезе Франција која ја победи Аргентина со резултат 4:3 и успеа да се пласира во четвртфиналето на првенството.
Вчера вториот натпревар во осминафиналето се одигра помеѓу Уругвај и Португалија.
На оваа средба Уругвај ја порази Португалија со резултат од 2:1 и се пласира во четвртфиналето.
На тој начин со овие одиграни два натпревари во осминафиналето Франција и Уругвај ќе играат во четвртфиналето на првенството .
Натпреварот помеѓу Франција и Уругвај ќе се одигра на 6 јули во петок на стадионот Нижни Новгород.
Денеска ќе се одиграт уште два натпревари од осминафиналето на Светското првенство во фудбал 2018 и тоа Шпанија-Русија и Хрватска-Данска.
Првиот натпревар помеѓу Шпанија и Русија (домаќинот на првенството) ќе се одигра на стадионот „Лужники“ и ќе започне во 17:00 часот според турско време.
Вториот натпревар помеѓу Храватска и Данска ќе се одигра на стадионот „Лужники“ и ќе започне во 21:00 часот според турско време.