ФИФА ја казни Фудбалската федерација на Србија со 20.000 швајцарски франци

ФИФА соопшти дека поради недоличното однесување на српските навивачи за време на натпреварот помеѓу Србија и Бразил Фудбалската федерација на Србија (ФФС) е казнета со парична казна во износ од 20.000 швајцарски франци (приближно 17.200 евра)

1003490
ФИФА ја казни Фудбалската федерација на Србија со 20.000 швајцарски франци

Светската фудбалска федерација (ФИФА), поради истакнат транспарент со „политичка и навредлива“ содржина од страна на српските навивачи на одиграниот натпревар на 27 јуни во групата „Е“ на СП 2018 во Русија помеѓу Србија и Бразил кој заврши со победа на Бразил од 2:0 ја казни Фудбалската федерација на Србија (ФФС) со парична казна.

Во објавеното соопштение од ФИФА се истакнува дека поради недоличното однесување на навивачите за време на натпреварот помеѓу Србија и Бразил Фудбалската федерација на Србија (ФФС) е казнета со парична казна во износ од 20.000 швајцарски франци (приближно 17.200 евра). 

Во соопштението се вели дека српските навивачи на натпреварот истакнале транспарент кој што содржел „националистички“ изговори и дека ваквиот транспарент е оценет за „политички и навредлив“.

Инаку, Србија по одиграниот натпревар со Бразил беше елиминирана од групата и се збогува со Светскиот куп.

ФИФА претходно поради длучувањата за време на натпреварот помеѓу Србија и Швајцарија што се одигра на 22 јуни и на кој победи Швајцарија со 2:1 започна дисциплинска постапкаа против претседателот на Фудбалската федедрација на Србија (ФФС) Славиша Кокеза и техничкиот директор на српската фудбалска репрезентација Младен Крстајиќ и поради нивните изјави по натпреварот на Кокеза и Крстајиќ им изрече парични казни од по 5.000 швајцарски франци, а поради недоличното однесување на навивачите на Фудбалската федедрација на Србија (ФФС) и изрече парична казна во износ од 54.000 швајцарски франци.

Светската фудбалска федерација (ФИФА) откако Џердан Шакири и Гранит Џака фудбалерите од албанско потекло кои играат за Швајцарија како и капетанот Стефан Лихтштајнер, на натпреварот помеѓу Швајцарија и Србија славеа со гестикулација на двоглав орел, инаку симбол на Албанците; исто така соопшти дека оваа гестакулација на радување за голот е со „политичка содржина“ и дека затоа е започната дисциплинска постапка.



Слични вести