Во осминафиналето на СП 2018 денеска Франција против Аргентина, Уругвај против Португалија

Денеска ќе се одиграт два натпревари од осминафиналето на СП 2018 и тоа Франција-Аргентина и Уругвај-Португалија, а утре играат Шпанија-Русија и Хрватска-Данска

1003008
Во осминафиналето на СП 2018 денеска Франција против Аргентина, Уругвај против Португалија

Светското првенство во фудбал 2018 чиј домаќин е Русија продолжува со осминафиналните натпревари од кои првите два ќе се одиграт денеска.

Репрезентациите кои успеаја да ги освојат првите две места во своите групи се изборија за пласман во осминафиналето на СП 2018 чии натпревари почнувајќи од денеска ќе се одиграт во наредните четири дена.

Осминафиналните натпревари започнуваат денеска со две средби.

Првиот натпревар ќе се одигра помеѓу селекциите на Франција и Аргентина кои инаку се меѓу фаворитите на првенството.

Натпреварот помеѓу Франција и Аргентина ќе се игра на стадионот „Казан Арена“ во Казан и ќе започне во 17:00 часот според турско време.

Во вториот осминафинален натпревар пак, денеска поточно вечерва своите сили ќе ги одмерат репрезентациите на Уругвај и Португалија.

Овој натпревар ќе се одигра на стадионот „Фишт“ во Сочи и ќе започне во 21:00 часот според турско време.

Инаку, за пласман во осминафиналето на Светското фудбалско првенство 2018 во Русија се изборија 10 репрезентации од Европа (Португалија, Шпанија, Франција, Белгија, Англија, Русија, Данска, Шведска, Швајцарија, Русија, 5 репрезентации од Латинска Америка (Бразил, Аргентина, Уругвај, Мексико, Колумбија) и една репрезентација од Азија (Јапонија).

Датумите на дуелите во осмина финалето и програмата на СП 2018 гласи вака:

30 јуни, сабота

17:00 Франција-Аргентина (Казан Арена)

21:00 Уругвај-Португалија (Стадионот Фишт)

 

1 јули, недела

17:00 Шпанија-Русија (Стадионот „Лужники“)

21:00 Хрватска-Данска (Стадионот Нижни Новгород)

 

2 јули, понеделник

17:00 Бразил-Мексико (Самара Арена)

21:00 Белгија-Јапонија (Ростов Арена)

 

3 јули, вторник

17:00 Шведска-Швајцарија (Стадионот Санкт Петербург)

21:00 Колумбија-Англија (Стадионот Спартак)



Слични вести