Познати осминафиналните дуели на СП 2018

По одиграните вкупно 48 натпревари во групите на СП 2018 16 репрезентации од вкупно 32 колку што учествуваа на првенството се стекнаа со право да играт во осмина финалето

1002395
Познати осминафиналните дуели на СП 2018

По одиграните натпревари во групите „Г“ и “Х“ од Светското првенство во фудбал 2018 чиј домаќин е Русија завршија и групните натпревари и се познати двојките во осмина финалето на првенството.

По одиграните вкупно 48 натпревари во групите на СП 2018 16 репрезентации од вкупно 32 колку што учествуваа на првенството се стекнаа со право да играт во осмина финалето.

Последни земји кои се пласираа во осмина финалето беа Белгија и Англија од групата „Г“ и Колумбија и Јапонија од групата „Х“.

Белгија која групата „Г“ ја заврши пласирајќи се на лидерската позиција во осмина финалето ќе игра со Јапонија која се пласира на второт место во групата „Х“.

Второпласираната Англијка во групата „Г“ пак ќе игра против првопласираната Колумбија во групата „Х“.

Датумите на дуелите во осмина финалето и програмата на СП 2018 гласи вака:

30 јуни, сабота

17:00 Франција-Аргентина (Казан Арена)

21:00 Уругвај-Португалија (Стадионот Фишт)

 

1 јули, недела

17:00 Шпанија-Русија (Стадионот Лужники)

21:00 Хрватска-Данска (Стадионот Нижни Новгород)

 

2 јули, понеделник

17:00 Бразил-Мексико (Самара Арена)

21:00 Белгија-Јапонија (Ростов Арена)

 

3 јули, вторник

17:00 Шведска-Швајцарија (Стадионот Санкт Петербург)

21:00 Колумбија-Англија (Стадионот Спартак)

 



Слични вести