Во Тарагона, Шпанија Стартуваат Медитеранските игри 2018

Турција на овогодишните Медитеранските игри ќе учествува со 345 спортисти кои ќе се натпреваруваат во неколку спортски дисциплини.

997000
Во Тарагона, Шпанија Стартуваат Медитеранските игри 2018

Утре, на 22. јуни во петок во шпанскиот град Тарагона стартуваат Медитеранските игри 2018.

Турција на овие натпревари ќе учествува со 345 спортисти кои ќе се натпреваруваат во неколку спортски дисциплини.

На овогодипшните 18.Медитерански игри над 4000 спортисти од 26 земји ќе се натпреваруваат во 33 дисциплини.

Турската екипа ќе биде трета според бројноста  веднаш после италијанската ( 419 спортисти) и шпанската (396 спортисти).

Инаку спортските натпревари ќе се играат на 16 спортски терени и ќе траат до 1 јули.

Првиот ден од Медитеранските игри ќе се одржат натпреварите во стрелање, фудбал и одбојка.

Според добиените медали во доскорешната историја на Медитеранските спортски игри, Турција со вкупно освоени 310 златни, 214 сребрени и 239 бронзени се наоѓа на третото место  веднаш зад Италија и Франција.

 



Слични вести