Седми ден од СП 2018: Португалија-Мароко 1:0, Уругвај-Саудиска Арабија 1:0, Иран-Шпанија 0:1

Вчера, седмиот ден од СП 2018 чиј домаќин е Русија беа одиграни уште три натпревари и беа добиени следните резултати: Португалија-Мароко 1:0, Уругвај-Саудиска Арабија 1:0, Иран-Шпанија 0:1

996639
Седми ден од СП 2018: Португалија-Мароко 1:0, Уругвај-Саудиска Арабија 1:0, Иран-Шпанија 0:1

Вчера, седмиот ден од Светското првенство во фудбал ФИФА 2018 чиј домаќин е Русија беа одиграни уште три натпревари.

Вчера првиот натпревар се одигра во групата „Б“ помеѓу Португалија и Мароко. Со единствениот гол на Кристијано Роналдо овој меч заврши со резултат од 1:0 за Португалија.

Со оваа извојувана победа Португалија во вториот одигран меч во својата група „Б“ освои 3 поени и бројот на своите поени го зголеми на 4.

Мароко пак со вториот добиен пораз во групата се збогува со првенството.

33-годишниот Роналдо на овој меч го постигна и својот четврти гол на првенството и 85-ти гол во својата кариера во репрезентацијата.

На тој начин Роналдо со досега постигнати 84 гола  го собори и рекордот „европски фудбалер со најголем број постигнати голови за репрезентацијата“. Рекордот беше кај легендарниот унгарски фудбалер Ференц Пушкаш кој за својата репрезентација имаше постигнато 84 гола.

Во групата „А“ во вториот натпревар вчера играа Уругвај и Саудиска Арабија.

Со голот на Суарез Уругвај победи со 1:0, додека Саудиска Арабија и со овој втор пораз во групата се збогуваа со првенството.

Суарез кој излезе на 100-тиот натпревар со дресот на својата репрезентација воедно стана прв уругвајски фудбалер кој успеа да постигне гол на три различни Светски првенства.

На тој начин на крајот од одиграните натпревари вчера, седмиот ден од СП 2018 чиј домаќин е Русија се добиени следните вкупни резултати: Португалија-Мароко 1:0, Уругвај-Саудиска Арабија 1:0, Иран-Шпанија 0:1.

Уругвај и Русија со освоени по 6 поени на крајот од вторите одиграни натпревари во своите групи успеаја да се пласираат во осминафиналето, додека Египет и Саудиска Арабија без освоени поени во групата се елиминирани и се збогуваа со првенството.

Мароко во групата „Б“ исто така веќе е елиминиран и се збогува со првенството.

Програмата на натпреварите кои што ќе се одиграат денеска на 21 јуни четвртокосмиот ден од СП 2018 гласи вака:

Група „Ц“

15:00 часот според турско време Данска – Австралија (Самара Арена – Самара)

18:00 часот според турско време Франција - Перу (Екатеринбург Арена - Екатеринбург)

Група „Д

21:00 часот спроед турско време Аргентина - Хрватска (Стадинот Нижни Новгород – Нижни Новгород)



Слични вести