Вчера беа одиграни четири натпревари во СП 2018

Во вчерашниот дел од СП 2018 во Русија беа одиграни четири натпревари во две квалификациони групи: Франција-Австралија 2:1, Данска-Перу 1:0, Аргентина-Исланд 1:1 и Хрватска-Нигерија 2:0

993546
Вчера беа одиграни четири натпревари во СП 2018

Вчера, третиот ден од Светското првенство во фудбал ФИФА 2018 кое продолжува во Русија беа одиграни четири натпревари во две квалификациони групи.

Во групата „Ц“ играа Франција и Австралија и на овој натпревар со помош и на видео-технологијата (ВАР технологијата) Франција ја победи Австралија со 2:1.

Головите за Франција ги постигнаа Антоан Гризман од пенал и Пол Погба, а единствениот гол за Австралија пристигна од Миле Јединак.

Во вториот натпревар во истата група „Ц“ Данска го победи Перу кој на Светскиот куп учествува по поминати 36 години, со резултат од 1:0.

Единствениот и победоносен гол за Данска пристигна од Јусуф Јурари Поулсен.

Перуанскиот фудбалер Кристијан Куева пак не можеше да го претвори во гол пеналот на крајот на првото полувреме. Пеналот беше даден со помош на видео-технологија (ВАР технологијата).

Во првиот натпревар во групата „Д“ играа Аргентина и Исланд и овој меч заврши со нерешен резултат од 1:1.

Голот за Аргентина пристигна од Серхио Агуеро, а Исланд го изедначи резултатот со голот на Алфред Финбогасон.

Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси пак не можеше да го постигне голот од пенал.

Во вториот натпревар во истата група „Д“ Хрватска ја победи Нигерија со резултат од 2:0.

Двата гола за Хрватска пристигнаа од автоголот на Огхенекаро Етебо и голот на Лука Модриќ од пенал.

Програмата на натпреварите кои што ќе се одиграат денеска на 17 јуни недела, третиот ден од СП 2018 гласи вака:

Група „Е“

15:00 часот според турско време Коста Рика-Србија (Самара Арена - Самара)

21:00 часот спроед турско време Бразил-Швајцарија (Ростов Арена – Ростов-Он-Дон)

Група „Ф“

18:00 часот според турско време Германија-Мексико (Стадионот Лузники - Москва)



Слични вести