Шпанскиот печат тврди дека Зидан ја прифатил лудата понуда на Катар вредна 200 милиони евра

Шпанскиот весник „АС“ тврди дека францускиот технички директор Зинедин Зидан ја прифатил астрономската понуда на Катар вредна 200 милиони евра

987319
Шпанскиот печат тврди дека Зидан ја прифатил лудата понуда на Катар вредна 200 милиони евра

Катар сака францускиот технички директор Зинедин Зидан да биде селектор на фудбалската репрезентација за Светскиот куп 2022 чиј е и домаќин.

Зидан добил луда понуда вредна 200 милиони евра за договор за четири години за да ја води катарската фудбалска репрезентација и да ги започне припремите со оваа репрезентација за Светскиот куп 2022 чиј домаќин ќе биде Катар. 

По оваа понуда од страна на Зинедин Зидан не пристигна никакво соопштение, додека шпанскиот весник „АС“ тврди дека францускиот технички директор ја прифатил оваа астрономска понуда. 

Доколку предлогот за кој што станува збор се стави и во примена Зинедин Зидан кој 2,5 години работи како селектор на „А“ репрезентација ќе стане технички директор кој заработува најмногу во светот.

Францускиот технички директор Зидан пред кусо време со изненадувачка одлука го напушти Реал Мадрид со кој едноподруго освои три шампионски титули во Лигата на шампионите. 

 



Слични вести