Турција вечерва ќе одигра подготвителен натпревар со Русија

Натпреварот ќе се одигра на стадионот ЦСКА Арена во Москва, ќе започне во 19:00 часот според турско време и ќе се емитува во живо на екраните на Канал Д и С Спорт

986584
Турција вечерва ќе одигра подготвителен натпревар со Русија

Турската фудбалска репрезентација вечерва ќе одигра подготвителен натпревар со Русија во гости.

Натпреварот ќе се одигра на стадионот Арена ЦСКА во Москва, ќе започне во 19:00 часот според турско време и ќе се емитува во живо на екраните на Канал Д и С Спорт.

Кај турската фудбалска репрезентација нема да игра Џенк Тосун кој на претходниот натпревар со Тунис доби црвен картон.

Инаку, Русија која е домаќин на Светското фудбалско првенство ФИФА 2018 ќе игра во групата „А“ против Уругвај, Саудиска Арабија и Египет.

Турција на првиот одгигран натпревар го победи Иран со 2:1, а на вториот натпревар со Тунис играше нерешено 2:2. 

Турција и Русија во Лигата на нациите на УЕФА ќе играат во Втората група уште два пати и тоа на 7 септември и на 14 октомври 2018 година.

 



Слични вести