Али Коч 37 претседател на Фенербахче

Трката за избор на претседател на Фенербахче се одржа меѓу поранешниот претседател Азиз Јилдирим и Али Коч

985029
Али Коч 37 претседател на Фенербахче
sdsdf.jpg
241531.jpg
sds.jpg

Синоќа завршија историските избори на Фенербахче.

За 37 претседател на Фенербахче беше избран бизнисменот Али Коч.

Коч ја стекна поддршката на поголемиот број членови на Конгресот и го оконча 20 годишниот период на поранешниот претседател Азиз Јилдирим.

Историскиот конгрес на Фенербахче се одржа на стадионот Улќер.

Трката за избор на претседател на Фенербахче се одржа меѓу поранешниот претседател Азиз Јилдирим и Али Коч.

На изборот за претседател беше забележано рекордно учество.

20 736 членови на конгресот гласаа во 36 гласачки кутии.

Али Коч со 16 092 гласови стана 37 претседател на Фенербахче.

Азиз Јилдирим кој освои 4 644 гласови го заврши 20 годишниот мандат.



Слични вести