Одлуката на Зидан за напуштање на Реал Мадрид шокира

Велејќи „Одлучив да не продолжувам како технички директор на Реал Мадрид“ Зинедин Зидан на одржаната прес-конференција рече: „За да би можела екипата да продолжи да победува по три години попстои потреба од промена, од една друга методологија.“

983750
Одлуката на Зидан за напуштање на Реал Мадрид шокира
1.jpg
2018-05-27T174544Z_445875875_RC1B132CBCF0_RTRMADP_3_SOCCER-CHAMPIONS-FINAL-MADRID-CELEBRATIONS.JPG
2018-05-31T113132Z_1899694771_RC1F0C6F4080_RTRMADP_3_SOCCER-SPAIN-MAD-ZIDANE.JPG
2018-05-31T113710Z_1526654164_RC1F564E9B30_RTRMADP_3_SOCCER-SPAIN-MAD-ZIDANE.JPG
2018-05-31T113621Z_1890712594_RC13D6A14FD0_RTRMADP_3_SOCCER-SPAIN-MAD-ZIDANE.JPG

Техничкиот директор на Реал Мадрид Зинедин Зидан на одржаната конференција за претставниците на печатот со претседателот на клубот Реал Мадрид Флорентино Перез ја соопшти својата одлука за напуштање и оваа негова одлука непријатно го изненади и го шокира светот на фудбалот.

Велејќи „Одлучив да не продолжувам како технички директор на Реал Мадрид“ Зидан на прес-конференцијата рече: „За да би можела екипата да продолжи да победува по три години попстои потреба од промена, од една друга методологија.“

Претседателот на клубот Реал Мадрид Флорентино Перез пак истакна дека не очекуваа Зидан да ја напушти својата должност и го изнесе следниот коментар: „Треба да покажеме почит кон оваа одлука. Откако разбрав за одлуката бев потресен. Би сакал да го убедам, меѓутоа знам како ја донесе оваа одлука.“ 

Францускиот технички директор Зинедин Зидан во кусиот период од својата должност освојувајќи ја три години по ред Лигата на шампионите фрли потпис на еден досега непостигнат успех.

Освен тоа два пати го освои Светскиот суперкуп, два пати Супер купот, еднаш шампионската титула во Ла Лига и еднаш Шпанскиот суперкуп. 

Виолетово-белите фудбалери за Зидан објавија проштален видео спот под името „Многу ќе ни недостигаш, благодариме Зизу.“

Во меѓувреме, на Зинедин Зидан му се заблагодари и светскиот рекет број еден Рафаел Надал. 

Надал кој е голем навивач на Реал Мадрид по победата над Гуидо Пела на отворениот тениски турнир во Франција кој што продолжува се појави пред камерите.

На крајот на тенискиот меч повеќе од тенисот се зборуваше за одлуката на Зидан за напуштање на Реал Мадрид.

Велејќи дека исто како и сите и тој е зачуден од одлуката на Зинедин Зидан за напуштање на Реал Мадрид, Рафаел Надал рече: „Верувам дека тој ќе се врати еден еден. Не можам да сторам ништо друго освен да му се заблагодарам за тоа што го направи. Никогаш не слушнав од него да каже нешто негативно било за своите играчи, било за екипата, било за судиите. Нема да го заборавам неговото лице со насмевка на прес-конференциите, неговата љубезност и отменост и неговите успеси.“



Слични вести