Турција на подготвителен натпревар го победи Иран со 2:1

Турција на синоќешниот одигран подготвителен натпревар со Иран извојува победа со резултат од 2:1

981268
Турција на подготвителен натпревар го победи Иран со 2:1
FOTO_15534075_290520180012220000_R_SPO_20180529000000_aa-picture-20180529-15534075.jpg
FOTO_15534064_290520180012220000_R_SPO_20180529000000_aa-picture-20180529-15534064.jpg
FOTO_15534061_290520180012220000_R_SPO_20180529000000_aa-picture-20180529-15534061.jpg
FOTO_15534059_290520180012220000_R_SPO_20180529000000_aa-picture-20180529-15534059.jpg
FOTO_15533560_280520182218390000_R_SPO_20180528000000_aa-picture-20180528-15533560.jpg

Турската фудбалска репрезентација ги започна подготовителните натпревари во чии рамки синоќа на стадионот Башакшехир Фатих Терим во Истанбул играше против Иран.

Техничкиот директор Мирчеа Луческу на натпреварот со Иран се појави на терен со различен кадар.

Романскиот технички директор Луческо голот му го предаде на Серкан Киринтили во одбрана ги постави Хасан Али, Чаглар, Каан, Шенер во средина Мехмет Топал, Окај, Емре Акбаба, Јусуф, Џенгиз и во напад играше со Џенк Тосун. 

Турските фудбалери во првото полувреме беа подобри од Иранците и во 6-тата минута со голот на Џенк Тосун преминаа во водство од 1:0.

Првото полувреме заврши со 1:0 и веднаш на почетокот на второто полувреме во 50-сетата минута од натпреварот на сцената повторно се појави Џенк Тосун кој со вториот постигнат гол ја зголеми разликата на два гола.

Во последните моменти од натпреварот Омер Бајрам на самата линија на голот интервенираше со рака и судијата пресуди пенал за Иран, додека Омер Бајрам доби црвен картон и беше исклучен од игра.

Голот за Иран од пенал го постигна Дежагах.

Потоа немаше друг гол и натпреварот заврши со резултат од 2:1 за Турција.

Турција своите наредни подготвителни фудбалски  натпревари ќе ги одигра најпрвин на 1 јуни во петокот со Тунис во Швајцарија, а потоа на 5 јуни во вторник ќе игра против Русија во гости.



Слични вести