Финалето во Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул во живо на екраните на ТРТ

Финалето во Лигата на шампионите ќе се одигра помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул на Олимпискиот стадион во Киев, Украина, ќе започне во 21:45 часот според турско време и ќе се емитува во живо на екраните на ТРТ

Финалето во Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул во живо на екраните на ТРТ
2018-05-23T104542Z_2115076448_RC168706E080_RTRMADP_3_SOCCER-CHAMPIONS-FINAL-PREVIEW.JPG
2018-05-23T105359Z_417953338_RC15AE441830_RTRMADP_3_SOCCER-CHAMPIONS-FINAL-PREVIEW.JPG
2018-05-23T105048Z_1107818809_RC1CED85AD40_RTRMADP_3_SOCCER-CHAMPIONS-FINAL-PREVIEW.JPG
2018-05-23T102014Z_203792703_RC1AC10E21F0_RTRMADP_3_SOCCER-CHAMPIONS-FINAL-PREVIEW.JPG

Освојувачот на пехарот во Лигата на шампионите за сезоната 2017/2018 пред да започне Светскиот куп 2018 во Русија ќе биде познат на екраните на Турската радио-телевизија ТРТ.

Во финалето на Лигата на шампионите ќе играат шпански Реал Мадрид со Кристијано Роналдо и англиски Ливерпул со Мухамед Салах.

Овој голем натпревар ќе се одигра на 26 мај во среда вечер и ќе се емитува во живо на екраните на ТРТ4К и ТРТ1 и на trtspor.com.tr

Натпреварот ќе го води српскиот судија Милорад Мазиќ.

Финалето помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул ќе се одигра на Олимпискиот стадион во Киев, главниот град на Украина и ќе започне во 21:45 часот според турско време.

Шпански Реал Мадрид се пласира во финалето со извојуваната победа над германски Баерн Минхен, а англиски Ливерпул го елиминира италијански Рома.

Во досега одиграните натпревари во историјата на Лигата на шампионите помеѓу двете екипи кои досега играа 5 пати од кои еднаш во финалето Ливерпул има извојувано 3 победи, а Реал Мадрид победи 2 пати.

Во финалето што се одигра помеѓу двете екипи во 1981 година победи Ливерпул.



Слични вести