Фенербахче Догуш не успеа да ја одбрани европската титула

Фенербахче Догуш во финалето на Фајнл-фор турнирот во Европската лига на Туркиш Ерлајнс беше поразен од Реал Мадрид со 85:80 и не успеа да ја одбрани европската титула

975696
Фенербахче Догуш не успеа да ја одбрани европската титула
2018-05-20T203654Z_88927143_RC1AB2312150_RTRMADP_3_BASKETBALL-EUROLEAGUE.JPG
2018-05-20T203505Z_1706005918_RC1570F5A6E0_RTRMADP_3_BASKETBALL-EUROLEAGUE.JPG

Турската кошаркарска екипа Фенербахче Догуш која успеа по трети пат едно по друго да игра во финалето на Европската лига на Туркиш Ерлајнс не успеа да ја одбрани европската титула.

Нашиот жолто-лилјаков претставник во финалето кое се одигра во Белград беше поразен од Реал Мадрид со 85:80.

Фајнл-Фор турнирот во Европската лига на Туркиш Ерлајнс за сезоната 2017-2018 се одигра во главниот град на Србија, Белград.

Финалето на турнирот пак се одигра помеѓу турски Фенербахче Догуш и шпански Реал Мадрид.

Страната која натпреварот го започна подобро всушност беа жолто-лилјаковите кошаркари.

Значајни кошеви постигнаа Калиниќ и Ахмет Дувериоглу, меѓутоа шпанската екипа едно по друго постигна тројки и првата четвртина заврши со 21:17.

Реал Мадрид беше ефикасна и на почетокот на втората четвртина и разликата ја зголеми до 8 коша.

Потоа кај Фенербахче Догуш стапи во акција италијанскиот кошаркар Николо Мели кој даде придонес од 11 коша и разликата се намали на само еден кош.

Потоа со заслугите на Слоукас нашиот претставник премина во водство и втората четвртина заврши со 40:38.

Шпански Реал Мадрид второто полувреме (третата четвртина) го започна со кошевите на Фабиан Козер. 

Фенербахче почна да се соочува со тешкотии во нападот и кошаркарите на Ласо искористувајќи го Фелипе Рејес под кошот во последната четвртина отидоа во пресоблекувалната со предност од 63:55 коша. 

Во последната четвртина Фенербахче Догуш водеше обиди да се врати назад во игра и последните моменти од натпреварот ги оставија гледачите без здив.

Меѓутоа во оваа борба победи Реал Мадрид со резултат од 85:80.

Кај шпанската екипа значајна улога во оваа победа одиграа Фабиан Козер со постигнати 17 коша и Лука Дончиќ 15 коша.

Кај Фенербахче Догуш пак Николо Мели постигна 28 коша, но не можеше да го спречи поразот на својата екипа.

На тој начин Фенербахче Догуш кој дури четири пати едно по друго играше во Фајнл-фор турнирот и три пати играше во финалето не можеше да ја освои втората шампионска титула едно по друго.



Слични вести