ФК Галатасарај ја освои шампионската титула на Супер лигата на Турција

Ова е седма шампионска титула на Галатасарај на чело со техничкиот директор Фатих Терим

974872
ФК Галатасарај ја освои шампионската титула на Супер лигата на Турција
galatasaray
Galatasaray v.jpg
Galatasaray  0.jpg
Galatasaray ..jpg

Со победата од 1- 0 во гости над екипата на Ѓозтепе на последниот натпревар во Спор Тото Супер лигата, ФК Галатасарај ја освои шампионската титула на сезоната 2017-2018.

Галатасарај победата ја извојува со голот на Гомис и резултат од 1-0 и лигата ја заврши на врвот со 75 поени.

На тој начин, ФК Галатсарај досега освои 21 шампионска титула.

Фудбалерот Гомис кој постигна 29 голови во сезоната, стана најдобар голгетер на сезоната и најдобар странски голгетер кој постигна најмногу голови во една сезона на Супер лигата.

Ова е седма шампионска титула на Галатасарај на чело со техничкиот директор Фатих Терим.

Со освојувањето на шампионската титула, Галатасарај се стекна со право на директно учество на елиминационите натпревари во групите на Лигата на шампионите.

Претседателот на ФК Галатасарај Мустафа Џенгиз веднаш по натпреварот одговараше на прашањата на новинарите и рече дека 21 шампионска титула им ја подаруваме на сите навивачи.



Слични вести