Турските боксери на турнир во Австрија освоија два златни медали

Турските боксери Мухаммет Ѓултекин во категоријата до 64 килограми, Серхат Ѓулер во категоријата до 69 килограми на Меѓународниот боксерски турнир Унтербергер во австрискиот град Куфстеин освоија златни медали

968050
Турските боксери на турнир во Австрија освоија два златни медали

Турските боксери репрезентативци на Меѓународниот боксерски турнир Унтербергер во Австрија освоија два златни медали.

Според објавеното соопштение од Турската боксерска федерација, на турнирот кој се одржува во австрискиот град Куфстеин Турција се натпреварува со екипа составена од Мухаммет Ѓултекин во категоријата до 64 килограми, Серхат Ѓулер во категоријата до 69 килограми, Утку Ердоган во категоријата до 75 килограми, Бурак Аксин во категоријата до 81 килограм и Џанберк Ертан во категоријата над 91 килограм.

Турските боксери Мухаммет Ѓултекин во категоријата до 64 килограми, Серхат Ѓулер во категоријата до 69 килограми освоија златни медали.

Во меѓувреме турскиот боксер Серхат Ѓулер беше награден и со наградата „најборбен спортист“ на турнирот.

 

 



Слични вести