Турските борачки на Европското првенство во Дагестан освоија уште еден златен и три бронзени медали

Турските борачки на Европското првенство кое што се одржува во Автономната Република Дагестан во составот на Руската Федерација освоија уште еден златен и три бронзени медали

964034
Турските борачки на Европското првенство во Дагестан освоија уште еден златен и три бронзени медали

Турската борачка во категоријата до 59 килограми Елиф Жале Јешилирмак на Европското првенство во борење кое што се одржува во Автономната Република Дагестан во составот на Руската Федерација освои златен медал и стана европска шампионка.

На четвртиот ден од првенството Елиф Жале Јешилирмак за златниот медал се бореше против бугарската борачка Мими Николова Христова.

Притоа турската борачка Елиф Жале Јешилирмак која инаку е од руско потекло ја победи својата бугарска противничка Мими Николова Христова со 6:4.

Бугарската борачка во последен момент се спаси од туш.

Со оваа извојувана победа турската борачка Елиф Жале Јешилирмак за прв пат во својата кариера го освои златото и стана европска шампионка, а воедно стана втора турска борачка која успеа да освои злато во историјата на Европското првенство.

Елиф Жале Јешилирмак со турското знаме ја славеше својата победа во салата и освоениот златен медал му го посвети на турскиот народ.

Елиф Жале Јешилирмак на досегашните Европски првенства претходно освои три бронзени медали од кои еден за Русија кога се натпреваруваше за оваа земја.

31-но годишната Елиф Жале Јешилирмак исто така е првата турска борачка која учествуваше на Олимписки игри и два пати досега успеа да се закити со бронзени медали и да го освои третото место на Светските првенства.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган испрати телеграма со честитка во која и честита на нашата борачка репрезентативка за освоениот златен медал. 

Од друга страна и нашата борачка репрезентативка Бедиха Ѓун на мечот за третото место ја победи својата противничка украинската борачка Ана Воитова со т.н. технички туш и резултат од 10:0.

Со оваа извојувана победа Бедиха Ѓун го освои својот прв медал на Европските првенства.

Една друга наша борачка репрезентативка Евин Демирхан во категоријата до 50 килограми ја совлада својата противничка шпанската борачка Аинтзане Гориа Гони и освојувајќи го третото место се закити со бронзен медал.

Евин Демирхан го освои својот прв медал на Европските првенства.

Турската борачка Бусе Тосун во категоријата до 68 килограми се бореше против последната европска шампионка полската борачка Ева Мичалик и победи со резултат од 6:4 со што го освои третото место и се закити со бронзен медал.

Бусе со оваа извојувана победа го освои својот втор бронзен медал на Европските првенства.

Бусе Тосун го освои третото место и на Европското првенство кое што се одржа во 2016 година во главниот ргад на Летонија Рига.



Слични вести