Турскиот борач во грчко-римски стил Риза Кајаалп по 8-ми пат европски шампион

На вториот ден од Европското првенство во борење кое што кое што се одржува во Автономната Република Дагестан во составот на Руската Федерација Риза Кајаалп во финалето во категоријата до 130 килограми го победи својот руски противник Витали Шур со 2:1

962078
Турскиот борач во грчко-римски стил Риза Кајаалп по 8-ми пат европски шампион

Турскиот борач во грчко-римски стил во категоријата до 130 килограми Риза Кајаалп стана европски шампион и го освои златниот медал на Европското првенство во борење кое што се одржува во Автономната Република Дагестан во составот на Руската Федерација.

На вториот ден на првенството во градот Каспијск Риза Кајаалп во финалето во категоријата до 130 килограми се бореше против рускиот борач Витали Шур.

Турскиот репрезентативен борач Кајаалп по девети пат се пласира во финалето на  досега одржаните Европски првенства.

На последниот натпревар вчера во спортската сала Али Алиев, Риза Кајаалп и покрај тоа што губеше со 1:0 успеа да го совлада својот руски противник Витали Шур со резултат од 2:1 и повторно по 8-ми пат искачи на европскиот трон пред своите противници на Европското првенство во борење.

Риза Кајаалп со освојување и на ова првенство 7 пати едно по друго и вкупно 8 пати досега стана европски шампион и со тоа го повтори рекордот на турскиот борач Хамза Јерликаја кој располага со титулата „Борач на векот“.

Потпретседателот на владата и владин портопарол Бекир Боздаг преку својата сметка на социјалната мрежа Твитер му честита на Риза Кајаалп за освоениот златен медал на Европското првенство во борење во грчко-римски стил во категоријата до 130 килограми.

 



Слични вести