Фенербахче Догуш се пласира на Фајнл-фор турнирот кој годинава ќе се одржи во Белград

Фенербахче Догуш синоќа извојува победа над шпански Басконија во гости со резултат од 83:92 и добивајќи ја четвртфиналната плеј-оф серија со 3:1 се пласира на Фајнл-фор турнирот во Европската лига на Туркиш Ерлајнс кој оваа година ќе се одржи во Белград

959693
Фенербахче Догуш се пласира на Фајнл-фор турнирот кој годинава ќе се одржи во Белград

Кошаркарската екипа Фенербахче Догуш на последниот четврти натпревар од четвртфиналната плеј-оф серија во Европската лига на Туркиш Ерлајнс во гости извојува победа против шпанскиот претставник Басконија со резултат од 83:92.

Со оваа извојувана победа Фенербахче Догуш се пласира на Фајнл-фор турнирот.

Последниот европски шампион Фенербахче Догуш серијата од 4 одиграни натпревари против шпански Басконија ја доби со 3:1 и по четврти пат едно по друго успеа да се пласира на Фајнл-фор турнирот. 

Жолто-лилјаковата екипа во полуфиналето на Фајнл-фор турнирот ќе игра против литванската екипа Жалгирис.

Фајнл-фор турнирот оваа година ќе се одржи од 18 до 20 мај во главниот град на Србија, Белград.

Инаку, Фенербахче Догуш е последниот европски шампион во Европската лига на Туркиш Ерлајнс и оваа година во Белград воедно ќе ја брани и европската титула.

 

 



Слични вести