Еџзаџибаши ВитрА по трет пат европски шампион во ЦЕВ Купот

Во финалето на ЦЕВ Купот турски Еџзаџибаши ВитрА го победи својот белоруски противник Минчанка од Минск со резултат од 3:0 и по трет пат стана европски шампион

949202
Еџзаџибаши ВитрА по трет пат европски шампион во ЦЕВ Купот

Турскиот претставник Еџзаџибаши ВитрА на реванш натпреварот во финалето на ЦЕВ Купот за жени ја порази белоруски Минчанка од Минск со 3.0 во сетови и стана европски шампион.

Одбојкарките на Еџзаџибаши ВитрА на првиот меч во гости извојуваа победа со резултат од 3:1 и се стекнаа со значајна предност по што на синоќешниот реванш натпревар во Истанбул го поразија својот противник со резултат од 3:0.

На почетокот на првиот сет кој што започна со изедначена борба белоруските одбојкарки на Минчанка на крајот на првата техничка пауза водеа со 8:7, но потоа одбојкарките на Еџзаџибаши ВитрА ја поставија својата тежина и со ефикасната игра на Ларсон и Бошкович пред мрежата на втората техничка пауза заминаа со водство од 16:11 и првиот сет го добија со резултат од 25:17.

Вториот сет од финалниот меч во ЦЕВ Купот за жени исто така заврши со резултат од 25:17 за Еџзаџибаши ВитрА.

Во третиот сет одбојкарките на Еџзаџибаши ВитрА играа послободно пред својот противник и по водството од 8:4 и 16:7 и овој сет заврши со резултат од 25:17. 

На тој начин Еџзаџибаши ВитрА го порази својот белоруски противник со резултат од 3:0 во сетови и ја освои шампионската титула во ЦЕВ Купот за жени.



Слични вести