Атлетичарот од Етиопија Амдеворк Валелег победник на 13.Истанбулски маратон

Победникот на полумаратонот Валелег, патеката долга 21 километар ја истрча за 59,50 минути, и е прв натпреварувач кој ја минал патеката за помалку од еден час.

947056
Атлетичарот од Етиопија Амдеворк Валелег победник на 13.Истанбулски маратон

Атлетичарот од Етиопија, Амдеворк Валелег и неговата сонародничка Абабел Јешане се победници на 13. Водафон (Vodafone) истанбулски полумаратон на учествуваа речиси 8.000 натпреварувачи од 50 земји.

Организаторот на манифестацијата е Град Истанбул, а Меѓународната атлетска федерација (IAF) маратонот го смести во Златната категорија.

Покрај главната полумаратонска трка, во рамките на манифестацијата се одржани и трки на десет километри. На победниците им е обезбеден награден фонд од 800.000 лири (161.000 евра).

Победникот на полумаратонот Валелег, патеката долга 21 километар ја истрча за 59,50 минути, и е прв натпреварувач кој ја минал патеката за помалку од еден час.

Второ место зеде Етиопјанецот Асефа Тефера. Трето место освои домашниот атлетичар Кан Киген Озбилен кој постигна нов национален рекорд.

Во женска конкуренција, првото место го освои Етиопјанката, Јешабе. Втора беше уште една атлетичарка од Етиопија, Роза Дереје, додека третото место го зеде Кенијката Диана Чемтаи Кипјокеи.

За време на манифестацијата, оддадена е почест на танзанискиот атлетичар Исмаил Џума кој минатата година победи на Истанбулскиот полумаратон, а потоа почина во сообраќајна несреќа во Танзанија.



Слични вести