Арсенал ја совлада ЦСК Москва а Атлетико Мадрид подобар од Спортинг

Синоќа се одиграа првите натпревари во четвртинафиналето на Лига Европа во кои важни победи постигнаа Арсенал и Атлетико Мадрид

945722
Арсенал ја совлада ЦСК Москва а Атлетико Мадрид подобар од Спортинг

Синоќа се одиграа првите натпревари во четвртинафиналето на Лига Европа во кои важни победи постигнаа Арсенал и Атлетико Мадрид.

Четири натпревари, четири домашни победи. Ова е резултатот од првите четвртфинални битки во Лига Европа каде големите фаворити не разочараа, славеа пред своите гледачи и направија голем исчекор кон следната фаза на ова натпреварување.

Арсенал го обезбеди најубедливиот триумф, односно ја реши ЦСКА Москва со 4-1. 

Атлетико Мадрид во свој стил ја доби пресметката со Спортинг Лисабон славеше со 2-0 .

Предност пред реваншот обезбеди РБ Лајпциг над Марсеј и тоа од 1-0 .

Лацио пак во средба со шест голови го доби Салцбург со 4-2.

 



Слични вести