Започнуваат натпреварите за место во четвртфиналето во Лигата на шампионите

На најпрестижното европско фудбалско клупско натпреварување утре (вторник) и на 4 април (среда) ќе се одиграат првите четвртфинални натпревари.

942595
Започнуваат натпреварите за место во четвртфиналето во Лигата на шампионите

Возбудувањата во фудбалската Лига на шампионите продолжуваат со четвртфиналните натпревари закажани за 3 и 4 април.

На најпрестижното европско фудбалско клупско натпреварување утре (вторник) и на 4 април (среда) ќе се одиграат првите четвртфинални натпревари.

Реванш-натпреварите ќе се одиграат на 10 и 11 април, по што ќе бидат познати учесниците на полуфиналните натпревари.

Сите натпревари во Лигата на шампионите се закажани за во 20:45 часот, а распоредот за одигрување на натпреварите е следен:

- Утре (вторник):

Јувентус (Италија) - Реал Мадрид (Шпанија)

Севиља (Шпанија) - Баерн Минхен (Германија)

- 4 април (среда):

Ливерпул (Англија) - Манчестер сити (Англија)

Барселона (Шпанија) - Рома (Италија)



Слични вести