Кошаркарската екипа на Фенербахче утре во гости ќе игра против руски Кимки

Утрешниот натпреварот што ќе се одигра во спортската сала Митишки во Москва ќе започне во 18.45 часот според турско време

939136
Кошаркарската екипа на Фенербахче утре во гости ќе игра против руски Кимки

Во рамките на 29-то коло на квалификациони натпревари на Европската лига во кошарка, утре машката кошаркарска репрезентација на Фенербахче во гости ќе игра против руската екипа Кимки.

Утрешниот натпреварот што ќе се одигра во спортската сала Митишки во Москва ќе започне во 18.45 часот според турско време.

Во досегашните 28 натпревари, жолто-сината екипа извојува 20 победи и доживеа 8 порази и се наоѓа на 2 место. Екипата на Кимки со 16 победи и 12 порази се наоѓа на 6 место.

Екипата на Фенербахче Догуш на првиот натпревар во лигата во Истанбул рускиот противник Кимки го совлада со 71-67.

Од друга страна пак, утре двете екипи во рамките на Европската лига ќе играат по 8 пат. На претходните седум натпревари Фенербахче извојува 5, Кимки две победи.



Слични вести