Себастијан Фетел на Ферари е побеник на трката на Формула 1 во Мелбурн

Со трката на патеката во Мелбурн е отворена новата сезона на Формула 1, а германскиот возач ја постигна својата 48. победа во кариерата.

937557
Себастијан Фетел на Ферари е побеник на трката на Формула 1 во Мелбурн

Возачот на Ферари Себастијан Фетел е победник на првата трка во Формула 1 во новата сезона, која се возеше за Големата награда на Австралија.

Со трката на патеката во Мелбурн е отворена новата сезона на Формула 1, а германскиот возач ја постигна својата 48. победа во кариерата.

Возбудливата трка со најдобри стартни позиции ја започнаа пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон и Кими Раиконен од Ферари, а Фетел стартуваше од третата позиција.

Фетел на водечката позиција стигна благодарение на добриот тајминг за пит-стоп. Поточно, Хамилтон и Раиконен во боксот свратија на почетокот од трката, но Фетел тоа го стори дури по 28. круг, кога поради проблеми со болидот на тимот на Хас, на патеката излезе безбедносно возило.

Германецот од боксот излезе пред Хамилтон и до крајот на трката ја задржа лидерската позиција.

На овој начин, на отворањето на сезоната тој дојде на прво место во генералниот пласман на возачите со 25 поени, а зад него се Хамилтон и Раиконен.

Четвртото место го зазеде возачот на Ред Бул, Даниел Рикардо, а петти беше Фернандо Алонсо во болидот на Мекларен, Рено.

Вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас, заврши на осмото место.

Следната трка во Формула 1 е закажана за 8 април во Бахреин.



Слични вести