Во Јилдирим кај Бурса се гради најголемиот спортски копмлекс од затворен тип во Турција

Затворениот спортски комплекс ќе се простира на површина од  34 000 квадратни метри од кои од кои 22 515 во објекти а 7 919 на отворен простор.

915323
Во Јилдирим кај Бурса се гради најголемиот спортски копмлекс од затворен тип во Турција

Во Јилдирим кај Бурса се гради најголемиот спортски копмлекс од затворен тип во Турција.

Проектот се реализира со заедничка поддршка на Министерството за младина и спорт и Губернијата на градот Бурса и истиот ќе се користи за реализирање на домашни и меѓународни спортски натпревари.

Затворениот спортски комплекс ќе се простира на површина од  34 000 квадратни метри од кои од кои 22 515 во објекти а 7 919 на отворен простор.

Комплексот ќе се состои од многу наменска спортска сала со капацитет од 2 500 гледачи, полуолимписки пливачки базен, младински центар, салони за поединечно тренирање, олимписка гимнастичарска сала, сала за здрав живот и кондиција, пешачки патеки и патеки за рекреација, сала за креативни активности, сала за компјутери, сала за пластични уметности, сала за фолклорни игри , сала за фотографии и за слики.

Досега се изградени 70 проценти од целиот комплекс а се очекува истиот на свечен начин да се отвори во текот на годинава.

 

 



Слични вести