Tурските ватерполистки шампионки на турнирот во Португалија

Екипата на турската А женска репрезентација во ватерполо се пласира на првото место на меѓународниот турнир што се одржа во Матосинхос Португалија

870958
Tурските ватерполистки шампионки на турнирот во Португалија

Екипата на турската А женска репрезентација во ватерполо се пласира на првото место на меѓународниот турнир што се одржа во Португалија.

Како што соопшти Турската ватерполо федерација турската женска репрезентација играше против екипите на Португалија, Германија и Романија на турнирот што се одржа во Матосинхос.

Инаку турнирот претставува вид подготовка за елиминациите на Европското првенство.

Турските ватерполистки ги совладаа екипите на Романија со 14 спрема 12, на Португалија со 20 спрема 12 и на Германија со резултат од 15 спрема 13 гола и го освоија првото место на турнирот и тоа без и еден пораз.

 



Слични вести