Светското првенство во бокс кадети жени ќе се започне на 19 ноември во Индија

Турските боксерки поминаа доста добар подготвителен период

848851
Светското првенство во бокс кадети жени ќе се започне на 19 ноември во Индија

Претседателот на Боксерската федерација на Турција Ејуп Ѓозгеч во изјавата за печатот рече дека на првенството во Гувахати ќе учествуваат 7 репрезентативки.

Турските боксерки поминаа доста добар подготвителен период, рече Ѓозгеч и потенцираше дека првенството во Индија ќе обезбеди квота за пласман на Младинската Олимпијада 2018. Затоа младите боксерки Бејза Сарачоглу до 51 кг, Хавва Нур Ен до 57 кг, Зејнеп Гедикли до 60 кг, Чагла Алуч до 64 кг, Џансел Олту до 69 кг, Селма Каракојун до 75 кг и Суеда Шахин над 81 кг на рингот ќе излезат да се натпреваруваат за златен медал. На сите спортистки им посакувам многу успех, рече Ѓозгеч.

Првенството во Индија ќе заврши на 26 ноември со финалните натпревари.



Слични вести