Саудиска Арабија им дозволи на жените да влезат во спортските стадиони

Од 2018 година жените ќе можат слободно да влезат во спортските стадиони во Ријад, Џеда и во Дамам и да ги следат спортските натпревари

836659
Саудиска Арабија им дозволи на жените да влезат во спортските стадиони

Властите на Саудиска Арабија од идната година им дозволија на жените да можат да влезат во спортските стадиони во поголемите градови во земјата.

Како што соопшти Управата за спорт на Ријад,од 2018 година жените ќе можат слободно да влезат во спортските стадиони во Ријад, Џеда и во Дамам и да ги следат спортските натпревари.

Досега во спорстките стадиони во Саудиска Арабија можеа да влезат само мажите.

 



Слични вести