Вечерва турската кошаркарска репрезентација ќе игра против Србија

Турската репрезентација на првиот натпревар во групата против Русија доживеа пораз

800780
Вечерва турската кошаркарска репрезентација ќе игра против Србија

Во рамките на Европското првенство во кошарка 2017 вечерва турската кошаркарска репрезентација во Д групата третиот натпревар ќе го одигра против репрезентацијата на Србија.

Натпреварот ќе се одигра во 21.00 часот во салата Улќер Спортс Арена во Истанбул.

Турската репрезентација на првиот натпревар во групата против Русија доживеа пораз од 76-73, на вториот со Велика Британија извојува победа од 84-70, поради што на претстојниот натпревар со Србија планира да извојува победа и да се искачи во горните редови на групата.

Репрезентацијата на Србија на првиот натпревар во групата против Летонија извојува победа од 92-82, додека на вториот против Русија беше поразена со резултат од 75-72.



Слични вести