Турската репрезентативка Јасемин Адар светски шампион во борење до 75 кг

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган на Јасемин Адар и испрати телеграма со честитки

795835
Турската репрезентативка Јасемин Адар светски шампион во борење до 75 кг

Турската репрезентативка Јасемин Адар стана светски шампион во борење до 75 кг на светското првенство во борење во Париз.

На последниот натпревар со белорускиот противник Василиса Марзалиук турската борачка Адар извојува победа од 5-4 и стана првата Турчинка која освои шампионска титула во борење.

Шампионската титула на Адар и донесе златен медал и предлог за брак.

По доделувањето на златниот медал на Јасемин Адар, Ердем Јигит на подиумот излезе со цвеќе и прсте во рацете и клекнувајќи на колена на Јасемин Адар и предложи брак. Турската репрезентативка го прифати предлогот за брак и го стави прстенот на Ердем Јигит.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган на Јасемин Адар и испрати телеграма со честитки а исто така по телефон го побара министерот за спорт и младина Осман Ашкин Бак.



Слични вести